| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Каде се ветените проекти во Куманово

kumanovo1– Сеуште нема ништо од ветената индустриска зона во село Речица во која требаше да се изградат 60 индустриски капацитети и да обезбеди 2.500 вработувања. Сеуште ги нема ветените градинки, покриениот спортски базен, ништо од намалување на цената на паркинг услугите. Куманово и понатаму се соочува со сообраќаен хаос, се помалку можат да се забележат зелени површини во општината, ниту пак е започнато со реновирање на фасадите во центарот на градот. За овие и за сите останати ветувања на Зоран Дамјановски сеуште нема ниту подготвителни активности, а камоли нивна реализација, истакна Мирослав Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

Според Стојановски, јавните претпријатија се пред банкрот, а градот се соочува со диви депонии и сообраќаен метеж.

– Ние ќе останеме посветени и активни и без разлика што Куманово функционира како да нема локална самоуправа. Ќе продолжиме да ги слушаме поплаките од граѓаните и ќе лобираме колку што можеме кај централната власт за што повеќе проекти во Оштина Куманово бидејќи очигледно е дека Дамјановски нема никаква визија за развој на Куманово, рече Стојановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top