Силвио Берлускони во случај Врховниот суд да ја потврди пресудата со која е обвинет за финансиска измама, ќе оди во затвор отколку во некој центар за извршување општествено корисна работа.
– Нема да прифатам да извршувам општествено корисна работа, како криминалци кои треба да бидат ре-едуцирани, изјави поранешниот италијански премиер Берлускони за италијанскиот дневен весник „Либеро“.
Врховниот суд во вторник ќе ја разгледа жалбата на Силвио Берлускони на пресудата со која тој е осуден на четири години затвор за финансиски измами во рамки на аферата Медиасет. Поранешниот премиер на Италија, исто така, нагласи дека нема да го искористи своето право поради поодминати години казната да ја издржува во домашен притвор.
– Имам речиси 78 години и имам право казната да ја издржувам во домашен притвор. Ако се потврди пресудата и ја преземам одговорноста, сакам да одам во затвор, изјави тој.
За аферата Медиасет Берлускони е осуден во октомври 2012 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.