| четврток, 6 декември 2018 |

„Грција да не признае како Република Македонија“ порака од средбата во Трново

знамеБараме Грција веднаш да ја признае Република Македонија под уставното име и воедно да го признае македонскиот народ и македонскиот јазик, со што еднаш засекогаш ќе се реши деценискиот спор меѓу Република Македонија и соседна Грција, порачаа Македонците од Егејскиот дел на Македонија, заедно со Македонци од Албанија и од Бугарија од пограничната средба во Трново.

Здружението на егејците  во Македонија, испратија неколку директни  и јасни  пораки, како до соседните земји, така и до земјите од Европската унија, Франција и Германија. Потпретседателот на  здружението Ѓорги Волчевски побара и другите соседни земји, Бугарија, Албанија и Србија  да се надминат себеси и да ги решат  сите наметнати спорови со Македонија.

– Ние Македоцните од Егејска Македонија најдобро знамеме како тие замислуваат да го решат  овој  спор. А тој е да се откажеме од се што е наше македонско рече Волчевски.Инаку, на средбата, која се одржа под покровителство на Општина Битола, покрај другитеговорници од соседна Албанија и Бугарија говореше и градоначалоникот на Битола  ВладимирТалески, кој истакна дека сите Македонци, кои овие денови се дојдени во Битола и Македонија да се вратат во своите родните краишта и тука да го инвестираат својот капитал, пренесе Нова Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top