| четврток, 6 декември 2018 |

Пожари во Грција и во Србија

pozarСилни шумски пожари беснеат на грчките острови Родос, Крит и Серифос во Егејско Море, противпожарни екипи се борат да ги стават под контрола, јавуваат грчките медиуми. Причина за пожарите се високите температури кои достигнаа до 37 степени целзиусови, како и силниот ветер. Нема опасност по населението на островите, но превентивно некои населени места се евакуирани.

Пожари беснеат и во Србија,  Мокра Гора, каде горат над 25 илјади хектари вегетација и шума. Противпожарни и полициски службеници продолжуваат со гаснење на пожарот, во кој за среќа нема загрозени објекти и население. Пожарот зафаќа тешко пристапен терен, а работата е отежната и поради ветерот што дува од различни правци. Во гаснење на пожарот на Тара се ангажирани 50 различни специјални возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top