| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнати турски дипломати во Сомалија

somalija napadНајмалку тројца загинаа, а двајца се повредени во самоубиствен напад што денеска беше извршен пред турската амбасада во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Според агенцијата Франс прес, која се повикува на неименувани дипломатски извори во Истанбул, обезбедувањето во амбасадата убило двајца од напаѓачите пред третиот да го активира експлозивот.

Бомбашот самоубиец се разнел во возило полно со експлозив.

Информациите за нападот се уште се неофицијални и нецелосни. Според агенцијата Асошиејтед прес пак, бомбашите ја нападнале турската болница Ал Шифа, а не турската амбасада.

За сега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека зад ова стои бунтовничката група Ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top