Триесетина коњаници од Горно Лисиче, предводени од Јохан Тарчуловски, во 17 часот, од дворот на Општина Аеродром тргнаа кон Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.


Со тоа официјално стартуваше 35-от традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.


Коњаниците тргнаа од пред зградата на општината Аеродром, придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, по што се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче каде што се одржа свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква им дадоа благослов на патот кон Крушево.



Пред испраќањето на илинденците се организираше свечена музичка програма каде настапија познати македонски естрадни уметници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иванов: Никој и ништо не може да го запре нескротливиот марш кон слобода
-
Претседателот Иванов ќе се обрати на манифестацијата „Илинденски марш 2018“
-
Тарчуловски бара од судијката Димишкова да присуствува на обраќањето на Столтенберг
-
Тарчуловски: Кисела Вода ќе стане општина со која сите ќе се гордееме


