Нејт Робинсон кој оваа сезона ќе заигра за Денвер Нагетс, избра на својот дрес да стои бројот 10, исто како Лионел Меси.
„Преферирам едноцифрени бројки на дресот, но ‘двојката’ во Денвер е повлечена од употреба, па се одлучив за бројот 10 – поради Меси. Во последно време често ја играм играта ФИФА, но и гледам фудбалски натпревари. Тој е најдобриот низок фудбалер, а јас сакам да бидам најдобриот низок кошаркар во НБА” – изјави Робинсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


