| четврток, 6 декември 2018 |

Игуаин оди во Наполи

Откако Единсон Кавани замина во ПСЖ, клубот се одлучи да го ангажира аргентинскиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид Гонзало Игуаин за да го пополнат местото за напаѓач. Игуаин минатата недела ги изврши медицинските прегледи во Наполи, а денеска со вицешампионот на Италија потпиша петгодишен договор, т.е и официјално стана член на овој тим.

Реал за Игуан доби 40 милиони евра, а од 25-годишниот напаѓач се очекуваат големи работи на Сан Паоло.

Аргентинецот за Реал настапи шест сезони, а во 187 натпревари постигна 107 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top