| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески ги пречека атрактивните „Бонд“ во Охрид

Нaјексклузивните гости на годинешново 53-то издание на Охридско лето, најголемата атракција на денешницата БОНД вечерва на  Антички ќе одржи концерт  кој предизвика најголем интерес кај публиката и за кој се бара билет повеќе.

Атрактивните БОНД девојки денеска беа пречекани и од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој им посака топло добредојде во градот во кој се одржува најголемата музичко сценска  манифестација.

IMG_0904

-Мега ѕвезди со над 5 милиони продадени албуми, група која го освои светот , која ги руши сите бариери за стилски и жанровски концепти во музиката. Многупати инспирација за голем број групи, копирани но никогаш достигнати, вака селекторот на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска го најави  составот на најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња, БОНД, Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело).

IMG_0917

Четирите атрактивни и исклучително талентирани девојки велат дека се почестени што се дел од овој Фестивал. Вечерашната програма ја најавија како  своевидна компилација на познати нивни точки, изведби на познати дела од досегашните нивни албуми, како и изведби од нивниот последен албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top