| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец „покус“ за 10 000 евра и два „ајфона“

Во раните утрински часови во петокот на 26-ти јули, непознат сторител извршил тешка кражба во стан во Охрид. Тој преку терасите се качил на вториот спрат, насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре и од спалната соба одзел 300.000 денари, 5-6 000 евра и два мобилни телефони „Ајфон“, со што причинил материјална штета од околу 700.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.

Сопственикот 38-годишниот охриѓанец Д.А.(1975)  ја пријавил тешката кражба во 04:25 часот во ПС-Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top