Врз основа на објавените резултати од анкетата на Институтот „Димитрија Чуповски“, направена од страна на агенцијата „Ипсос Стратеџик Пулс” на барање на инстутот, а објавена на 25-ти јули годинава, експертскиот тим изработи симулација за освоени пратенички мандати користејќи го Донтоновиот модел кој што се користи за парламентарни избори во Република Македонија, со предвидена гласачка излезеност од отсто.
Во предвид се земени резултатите добиени на прашањето „За која политичка партија би гласале доколку излезете на гласање?”, а од Институтот напоменуваат дека во симулативните резултати не се земени во предвид пратеничките мандати од дијаспората.
Доколку резултатите од прашањето се претворат во пратенички мандати, соодносот во Собранието на РМ би бил следниот:
-ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 60 пратеници во македонското Собрание, а СДСМ ќе освои 36 пратенички мандати. Петнаесет пратеници ќе има од ДУИ, а 9 од ДПА, стои во резултатите од анкетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година


