Против 28-годишниот A.Л. од Кочани е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурзори откако кај него беа пронајдени и одземени 670 грама хероин.
Средата на 24-ти јули околу 03:00 часот nautro, во населба Ѓорче Петров на раскрсницата меѓу ул. @Панко Брашнаров“ и @Манчу Матак“ извршено е легитимирање на А.Л. кој бил со ПМВ “Ауди А 6“ со скопски регистарски таблички. Кесата што ја спуштил покрај возилото пред да биде легитимиран со потврда за одземени предмети е одземена од пријавениот и предадена на вештачење при што е утврдено дека се работи за наркотична дрога хероин со тежина од 670 грама.
Од извршените разговори дознаено е дека А.Л. пред неколку дена во Кочани, од НН лице од Р. Бугарија купил неутврдени количини на наркотична дрога хероин и на катка по цена од 1500 евра .
На 23-ти овој месец, откако претходно договорил купопродажба со лицето А.Н. од СКопје тој со ПМВ “Ауди А 6“ дошол во главниот град. А.Л. се сретнал со А.Н. во населбата Ѓорче Петров и се договориле за хероинот А.Н. да му донесе на А.Л. 10 килограми марихуана и да му доплати уште 4000 евра, по што се раздвоиле а А.Л. останал да чека покрај возилото од каде е приведен.
Инаку, А.Л. веќе минува во евиденцијата на МВР на РМ за што досега му се поднесени три кривични пријави за сторени кривични дела “затајување“, “фалсификување пари“ и кривично дело по Законот за безбедност во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


