| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Пустец сака македонски јазик во училиштата

Градоналачникот на Поградец, Артан Шкмби порачал дека би сакал да го види македонскиот јазик во тамошните училишта, и покрај тврдењата дека Албанија не ги исполнува препораките на Советот на Европа (СЕ), околу образованието на мајчин јазик на малцинствата.

– Ние како локална власт сме поотворени за барањата на малцинствата, ако тука јас слушнав дека правите барања за отварање на неколку класови за изучување на јазикот на некое малцинство и министерството се колеба да го одобри или попречува овој процес, ние сме многу поотворени затоа што пожелуваме да ова нешто се случи во нашит градови –  изјавил Шкмби на тркалезната маса по повод Рамковната конвенција за заштита на малцинствата во Москополе, Албанија.

 

Претставникот на македонското малцинство во земјата, Васил Стерјовски нагласил пак, дека Албанија мора да работи на спроведувањето на препораките од СЕ.

 

– Не е проблемот што тие препораки се даваат на Албанија за подобрување на правата на малцинствата, но проблемот е кај спроведувањето. Конкретно за образованието, ние како македонско малцинство ја следевме цела законска процедура. Конкретно во областа Голо Брдо, во едно училиште, има собрано 45 потписи од родителите, барајќи два пати неделно да се изучува македонскиот јазик во образовниот процес – нагласил Стерјовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top