| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачи на Сараево кинеле дресови од своите фудбалери

Група незадоволни навивачи на фудбалскиот клуб Сараево вчеравечер влегле на теренот и почнале вербално да ги навредуваат играчите, а потоа им ги скинале дресовите со што предизвикале прекин на натпреварот.
Медумите во БиХ јавуваат дека фудбалерите на Сараево видно вознемирени и со солзи во очите го напуштиле тренингот.
Овој инцидент исто така ја прекинал и седницата на Управниот одбор на ФК Сараево, а дел од членовите на раководното тело на клубот тргнале кон стадионот да разговараат со навивачите.
Незадоволството на навивачката група „Хорде Зла“ се појави по елиминацијата од Лигата на шампионите на Сараево од албанскиот шампион Кукеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top