Судејќи по изјавите на Роуз, тој освен физикчки, психички е целосно подготвен повторно да „растура“ на НБА паркетите.
Во едно интервју за аериканската телевизиска мрежа CNN, на прашањето кој е најдобар играч НБА, без размислување одговорил – „Дерек Роуз“ – самоуверен е 24-годишниот кошаркар, кој во својата биографија има една МВП титула.
Тренерот на Чикаго Булс, Тим Тибодо, неодамна изјави дека Роуз постепено ќе го воведува во работата во текот на предсезоната, кога ќе може да се увери и во моментното ниво на формата на лидерот на екипата.
Исто така, Роуз во текот на споменатото интервју за реномираната телевизиска куќа, се изјасни и за тоа кој противнички играч му е најтежок за чување.
„Би рекол дека тоа е Леброн Џејмс. Човек од 203 сантиметри и 114 килограми“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


