| четврток, 6 декември 2018 |

И Чилиќ падна на допинг тест

По 18-месечната казна за Виктор Троицки поради користење стимулативни средства тенисот го тресе уште еден скандал. Сега и Марин Чилиќ беше позитивен на допинг тест. Хрватскиот тенисер бил позитивен на контролата во април, по поразот од Иван Додиг во Минхен, користел прекумерно количество гликоза

Marin-Cilic_2250508b

Една од варијантите е дека Чилиќ ќе биде казнет со 90 дена неиграње на турнирите и тоа ретроактивно, односно ќе се искористи периодот што измина и во кој тенисерот на настапуваше. Марин од 2 мај кога загуби од сонародникот Додиг не учествувал на турнирите.

Неговата екипа знаела за резултатите и му ги соопштила на Чилиќ во текот на одржувањето на Вимблдон, по што Марин свесно го предал мечот со Кени де Шипер. И образложението за откажувањето било лажно и гласело дека Хрватот е повреден. Од неговиот табор се надеваат на минимална казна од 3 месеци поради соработката на Чилиќ со меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Самиот во интервју за „Јутарњи лист“ вели дека очекува да игра на турнирот од мастерс серијата во Канада, што се организира во Монтреал со старт на 5 август. Тоа се желбите на Чилиќ, а како ќе постапи ИТФ ќе видиме во следниот период.

Виктор Троицки беше исто така казнет со забрана за настап на турнирите во времетраење од 18 месеци. Србинот одбил да даде примерок со крв, со образложение дека му било лошо. ИТФ не ги прифати аргументите на Троицки и го казни со година и пол. Виктор најави жалба на таквата одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top