| четврток, 6 декември 2018 |

Фабрегас го сакаат во Манчестер, а Барса не го дава

Барселона експресно реагираше и кажа дека Цеск Фабрегас не е на продажба и дека секоја понуда за него ова лето ќе биде одбиена, без разликата на сумата што ќе биде одредена од заинтересираните клубови

Cesc-Fabregas3
Цеск Фабрегас е една од најголемите желби на Дејвид Мојес, новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, а англиските медиуми ја подгреваат атмосферата пишувајќи дека шпанскиот репрезентативец не би имал ништо против да се пресели на „Олд трафорд“. Тие пренесуваат изјава од анонимен близок пријател на Фабрегас, што редовно се користи кога се пласира шпекулација, дека играчот на Барселона има желба да биде дел од Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top