
Баерн Минхен ќе го брани трофејот по ланскиот триумф над истиот ривал со 2-1, но баварците се соочуваат со сериозни проблеми со составот откако стана јасно дека Франк Рибери и Мануел Нојер нема да му се стават на располагање на тренерот Гвардиола за овој меч.
„Рибери и Нојер заработија ситни повреди на дуелот со Барселона и не сакаме да ризикуваме со нив непосредно пред стартот на новата сезона. Затоа, тие нема да играат во Супер-купот, исто како и Марио Геце, кој се уште е повреден“ – изјавија од таборот на баварскиот гигант.
Без проблеми не е ниту противничкиот стратег Јирген Клоп, со оглед на фактот дека Борусија Дортмунд сигурно ќе биде без помошта на најскапото засилување Михтаријан и стандардниот десен бек Пишчек, а се уште е неизвесен настапот на Аубамејанг и на Блашчиковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Крвава ноќ во скопски Аеродром – повредени неколку лица!
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун


