| четврток, 6 декември 2018 |

Тиаго ја обвинува Барселона зошто го продаде на Баерн

Тиаго Алкантара откри дека „вината” за неговата преселба на „Алианс Арена” може слободно да се лоцира кај раководните лица на каталонскиот гигант Барселона

thiago-alcantara-celebrity-1800605243Се што сакав е да бидам ценет на „Ноу Камп”. Сакав да ја сменам клупската средина, а челниците на Барселона ништо не направија за да ме задржат на „Ноу Камп”.
Знаеа дека сакам да играм за друг клуб, но никој од клубот не ме контактираше, никој не ме замоли да останам во редовите на Барселона. Јас повеќе нема да се замарам со минатото, ќе се фокусирам само на иднината.
Минхен е прекрасен град и сите кои се дел од овој голем клуб веднаш ми помогнаа се со цел што е можно побрзо да се адаптирам на новата средина. Не е точно дека сум бил во контакт и со Манчестер Јунајтед, Баерн (М) секогаш беше прва опција за мене.
Моја работа е дали добив или не понуда од Реал (М), изјави младиот играч за врска на Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top