Речиси цела болница изгоре во Бихаќ, откако пожар ја зафати синоќа околу два часот.
Изгореле сите кровови и горни катови на болницата, но за среќа никој не настрадал. Огнот се појавил на делот над кровот над Педијатрија и потоа зафатиле по ред сите споени кровови на големиот комплекс.
Од сите страни се слушале повици и молби, а прво ги извлекувале децата и бебињата.

„Беше многу жешко, горе тешко се дишеше. Најмногу се базиравме на инкубаторите за бебиња, ги носевме по двајца“ – раскажал еден од храбрите пожарникари, кој вели дека не се сеќава кога дошол, ни колку време поминало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


