Насилствата во Порт Саид почнаа како реакција по веста дека суд во Каиро осуди на смрт 21 човек обвинети бидејќи лани учествувале во судирите на фудбалскиот стадион во Каиро кога загинаа 74 луѓе. Демонстрантите од пристанишниот град Порт Саид се незадоволни дека нивни сограѓани се одговорни за крвопролевањата на стадионот.
По улиците на Порт Саид патролираат армиски сили. Извори од силите за безбедност наведоа дека армијата е повикана на помош на полицијата за да ги обезбедува јавните згради. Воени единици се распоредени и во Суец заради антивладини протести одржани вчера во кои беа убиени осум луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



