Проектот е инициран од велосипедскиот клуб „Свиок“ во соработка со планинарското друштво „Бел Камен“, чија цел е означување на планината Плачковица со околу 100 патокази и 25 информативни табли.
Деновиве се изработуваат патоказите и таблите кои ќе бидат во функција на посетителите на планината Плачковица за да се запознаат со убавините на оваа планина која стана мета на повеќе планинари и туристи. Ќе бидат означени речиси сите позначајни локации и места на ова планина која со своите убавини преставува вистински магнет за посетителите да уживаат во свежиот воздух и богатата флора и фауна.
Вкупната вредност на проектот изнесува 440 илијади денари, средства кои ги обезбеди Општина Радовиш.
Предвиден рок за реализација, односно поставување на информативните табли и патокази по планината Плачковица е до крајот на ноември 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал до скандал во училиштето во Радовиш: Оџата во училиште го повикала директорката, чиј сопруг е секретар на општината
-
Пожарникарите од Радовиш под истрага: Од противпожарната единица направиле коцкарница
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат
-
Командир од Радовиш заработи кривична: Огранизирал игри на среќа во службена просторија