Скопје се сеќава… 26 јули 1963 година, 5.17 часот, главниот град го погоди силен земјотрес. Животот го загубија повеќе од илјада луѓе, а повредени беа околу 3.000 лица. Педесет години подоцна…
Во чест на жртвите од катастрофалниот земјотрес денеска на Градските гробишта „Бутел“ ќе биде положено цвеќе пред споменикот на загинатите. Пред споменикот ќе се поклонат делегации на странски земји кои се присутни во Скопје, по повод одбележувањето на 50 години од катастрофалниот земјотрес.
Најавена е и крводарителна акција во организација на Црвен крст на Град Скопје, која ќе се одржи од 10 до 17 часот во ДХО „Даре Џамбаз“.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ќе се сретне со претставници на странските делегации, меѓу кои ќе бидат присутни и претставници на германскиот Црвен крст кои биле во Скопје по земјотресот и директно учествувале во расчистувањето на урнатините.
Вечерта во Музеј на град Скопје ќе има изложбa Скопје, „26 јули 1963“.
На плоштадот „Македонија“ ќе се одржи централен настан – мулитимедијален проект „Скопје се сеќава“.
26 јули 1963 – Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


