Французите ќе можат да го навредуваат претседателот на Франција и тоа нема да се смета за навреда. Парламентот на Франција ја изменил старата уредба од 1881 година, а амандманот бил усвоен во корист на слободата на говорот. Според таа уредба, навредата на претседателот се сметала за дело казниво со закон, односно „навреда на државата“. Отсега претседателот е ставен во истата категорија како министрите и пратениците. Судијата ќе треба да одлучи дали е клеветен и посрамотен со некоја изјава од граѓаните.
Оваа измена доаѓа по оценката на Европскиот суд за човекови права во март дека Франција го прекршила правото на слобода за изразување на еден демонстрант, кој е парично казнет зашто носел транспарент кој се однесувал на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози. На банерот пишувало: „Исчезни кретену“. Судот тогаш пресудил дека Ерв Еон го навредил претседателот и морал да плати казна од 30 евра.
Овој слоган бил изложен на критика откако во 2008 година Саркози со истите зборови му се обратил на човекот со кој не сакал да се ракува. Сепак, секој за кој судијата ќе процени дека го навредил претседателот постои ризик да плати казна до 45.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.