| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи прави моќен тим, на мета се Демба Ба и Марко Верати

Наполи има пари од продажбата на Едисон Кавани и има  цел да направи моќен тим, со неколку екстра-засилувања. Клубот за кој настапува и нашиот Горан Пандев преговара со Демба Ба и со Марко Верати, фудбалери од светска класа.

Demba-Ba

Сенегалецот Ба е напаѓач и член на Челси, а Верати е еден од најперспективните играчи за врска, има само 20 години и моментно настапува за Пари сен Жермен. Неговиот трансфер во Наполи ќе оди потешко бидејќи ПСЖ смета на него, но Аурелио де Лаурентис е упорен да го врати италијанскиот бисер во татковината.

Ако не успее ангажманот на Верати, Наполи ќе почне преговори со Лион за Максим Гоналон, уште еден голем талент на светскиот фудбал.

Досега во летниот преоден рок Наполи ги ангажираше Игуаин, Мертенс, Калјехон, Албиол, Армеро и голманот Реина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top