| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ се запиша во историјата и официјално тој е првиот Македонец во НБА лигата

Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ и официјално е првиот наш кошаркар во НБА лигата, а вечерва потпиша двегодишен договор со НБА тимот Атланта хоукс. И на клупската интеренет страница популарните „јастреби“ потврдија дека Антиќ е нивни член.

Генералниот менаџер и поранешен НБА ас, Дени Фери  соопшти дека е постигнат договор за ангажман кошаркарот од Македонија

„Ние сме возбудени што го ангажиравме Антиќ, затоа што сме свесни дека со него надополнуваме празнина во тимот. Перо ќе биде значајна алка која треба да ни донесе нов квалитет – истакна Фери по потпишувањето на договорот.

Антиќ има 30 години, а еднаш веќе имаше шанса пред десетина години да стане дел од НБА лигата. Сепак тој е вистински пример дека никогаш не е доцна и стана првиот Македонец кој ќе заигра во НБА лигата. Претходно тој настапуваше за Работнички, АЕК, Црвена Звезда, Спартак, Академик Софија, Локомотив Кубан, а последните две сезони стаса до две европски шампионски титули со Олимпијакос.

Антиќ ќе има огромна конкуренција во Атланта, тим што беше полуфиналист во источната конкуренција во доигрувањето за титулата, лани. Ал Хорфорд, Елтон Бренд, Иван Џонсон и Пол Милсап се одлични играчи, но Антиќ и досега умешно занеше да ги презентира своите квалитети, кога во него многумина не веруваа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top