| четврток, 6 декември 2018 |

Избувнал пожар на Криволак

На армискиот полигон на Криволак попладнево избувнал пожар кој по вежбовни активности, јавува порталот „Курир“.

– Точно е дека има пожар во полигонот Криволак предизвикан по изведување вежбовни активности, потврди портпаролот на ГШ на АРМ Мирче Ѓоргоски. Вежбовните активности  се изведувале на поголема надморска височина каде што имало и пошумен терен.

Војниците веднаш пристапиле кон гаснење на пожарот што се ширел од ветерот, побарана е помош од единицата од Штип, повикани се пожарникари од неготинската територијална единица, ангажирани се хелихоптери, а на барање на Генералштабот на АРМ Дирекцијата за заштита и спасување активира два од своите авиони.

Од Дирекцијата соопштија дека е во тек акцијата за гаснење на пожарот.

Командирот на неготинската противпожарна единица Иле Илиев изјави дека во околината на месноста „Караоџали” гореле сува трева и џбунести растенија.

– Испративме едно противпожарно возило и тројца пожарникари со оглед на тоа што останатиот дел од нашата противпожарна екипа е на локализирање на пожарот што избувна на железничката пруга на потегот од селото Црвени Брегови кон Стоби, рече Илиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top