Пожар ги зафати тревите и жбуновите покрај железничката пруга на потегот во близина на неготинското селото Црвени Брегови кон Стоби, јавува порталот „Максим“
– Според првичните сознанија пожарот најверојатно го предизвикал отпушок од цигара оти пламени јазици ја зафатиле тревата околу железничката пруга веднаш штом поминал возот по железницата. Успешно се координираат сите надлежни служби и можам да кажам дека успеавме да не се дозволи пожарот да ги зафати дрвените прагови на железничката пруга иако имаше и некои изгорени.Што е уште поважно, се успеа да се спречи ширењето на пожарот кон населеното место Црвени Брегови, изјави Сашко Јанев, секретарот во општина Неготино.
Претставници на локалната самоуправа се на терен заедно со пожарникарите и будно ја следат состојбата и ја координираат акцијата за гаснење на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


