| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали „Идризово“

idrizovo-SmallСиноќа избувнал пожар во една од бањите во старото училиште во казнено-поправниот дом „Идризово“МВР соопшти дека пожарот почнал околу 23 часот и 30 минути кога непознат сторител го запалил и опожарил таванскиот дел на една од бањите. Пожарот бил забележан од надзорните кули, по што интервенирала Бригадата за противпожарна заштита. Предизвикана е штета од околу 150 илјади денари, а опожарена е делумно и покривната конструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top