| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: проблем е да се воспостави дијалог со Грција

nikola_gruevski_g_0– Главниот проблем во овој момент е што и ние и самиот медијатор има проблем да се разговара и тоа е лесно видливо. Така што главниот проблем е воопшто да се воспостави дијалог за ова прашање, рече премиерот Никола Груевски во рамки на денешната собранискаседница на која пратениците поставуваат прашање до министрите. 

Во моментов е проблем да се седне и вистински да се разговара со грчката страна, додаде премиерот. Кога има можност за разговари со другата страна, што е навистина реткост, тогаш македонската страна се држи на она со што излегла во јавноста со програма, со обврски ветување и оти на тоа опстојува.

– Нашиот став е дека сакаме да се надмине овој проблем и дека тој е напишан во нашата програма за изборите. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со какво било решение кое ќе предвиди и промена на Уставот, со цел промена на уставното име, решение кое зафаќа во идентитетот на македонскиот народ, јазикот и нацијата и дека нема да се дозволи какво било решение да се донесе без претходно организирање голем референдум на кој сите граѓани ќе го дадат своето мислење, истакна Груевски, додавајќи дека секогаш кога има можност да се разговара секогаш е во согласност со она што е искажано во програмите со
кои излегле пред народот.

За последните идеи изнесени од медијаторот Метју Нимиц, а кои ги пласираше во јавноста коалицискиот партнер, премиерот истакна дека медијаторот повремено дава некои идеи за начините како да се надминат разликите со името и оти оној момент кога ќе почувствуваат дека некои од нив треба да се споделат со јавноста тоа ќе го направат, но кога ќе се почувствуваат дека тоа ќе му наштети на процесот тоа нема да го прават.

– Се она што правиме е во интерес на Република Македонија, во итнерес на граѓаните и во тој
правец се однесуваме мошне внимателно и со длабока доза на анализа за секој чекор што
треба да се направи, истакна премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top