| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисот бара балкански бренд за конкурентен настап

memorandum

Македонско – бугарската стопанска комора и Стопанската комора на северозападна Македонија потпишаа  меморандумот за соработка. Според претседателите Зоре Темелковски и Мендерес Кучи целта на бизнисмените од регионот е создавање балкански бренд за конкурентен настап на трети пазари. Регионот има потенцијал на идеи, доволно знаење, сопствен капитал и ресурси за успешно вклучување на глобалниот пазар.

– Бизнисот секогаш брзо и правилно ги донесува одлуките. Сите ги имаме истите идеи и визии, од пресуден интерес за нас се пазарот и капиталот – истакна Темелковски. Тој го информираше својот колега Кучи дека Македонско-бугарската стопанска комора наскоро ќе организира два форума, во Скопје и во Софија.

И Кучи се согласи дека посебно значење треба да се даде на регионалната соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top