| четврток, 6 декември 2018 |

И Селма Хаек ни доаѓа во комшии

Само што испратија една голема холивудска ѕвезда, поранешниот агент со дозвола за убивање, Пирс Броснан, белграѓани за десетина дена ќе пречекаат друга. Една од најзгодните актерки со јужноамериканско потекло, Селма Хјек, во текот на летото ќе го снима трилерот „Еверли“ на режисерот Џо Линч во главниот српски град.

– Заплетот се случува во клаустрофобична атмосфера. Оваа психо-трилер приказна е направена во една соба, односно во домот на Салма Хаек. Затворена во неа, таа се брани од убијците кои нејзиниот поранешен сопруг ги испрати да ја убијат. Тој е шеф на мафија кој е желен за крвопролевањето на неговата поранешна сопруга – дознава српски „Блиц“ од извори блиски на продукцијата.

Во првичните преговори, ликот на сопругата на мафијашот, наместо Селма требаше да го игра Кејт Хадсон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top