| четврток, 6 декември 2018 |

Студијата за каналот Дунав – Морава – Вардар при крај – резултатите „охрабрувачки“

 ploven vardarМинистерот за рударство на Србија, Милан Бачевиќ, соопшти дека изработката на студијата за изведување на каналот Велика Морава, кој ќе ги поврзува реките Дунав – Морава – Вардар,  е при крај. Според него, досегашните резултати кои се однесуваат на можноста за реализација на тој проект се охрабрувачки. Изработени биле 95 проценти од студијата за изводливост и се очекува да биде завршена во брзо време затоа што недостасувале само податоци кои се однесуваат на наутичката мапа на реката Морава.

Според Бачевиќ, Србија нема ниту една причина да отстапи од овој најголем стратешки и национален проект.

–       Сите големи идеи во историјата на човештвото наидувале на отпор, па и ова. Не може никој да нѐ увери дека ова е лош проект – изјавил министерот и додал дека Србија нема намера да се задолжува за реализацијата, туку најобро решение би било издавање под концесија.

Министерот, исто така, рекол дека очекува во изградбата на каналот да се приклучат и Македонија и Грција ако студијата покаже оправданост на проектот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top