Претседателот Ѓорге Иванов ќе учествува на состанокот на лидерите од процесот „Брдо“, неформална иницијатива за соработка меѓу земјите од регионот во однос на аспирациите за членство во евроатланските организации.
На состанокот во Брдо кај Крањ, Република Словенија, ќе присуствуваат претставници од Европската унија и лидерите од процесот Брдо. Ќе бидат опфатени клучните проблеми и можностите на регионот во контекст на интеграцијата во ЕУ.
Најавено е претседателот Иванов да се обрати на пленарната сесија. Предвидени се повеќе билатерални средби со учесниците на процесот.
Меѓу најавените учесници се и претседателите на Словенија, Хрватска, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, потоа тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и францускиот претседател Франсоа Оланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


