| четврток, 6 декември 2018 |

Олга Кириленко највесела на прошталната забава за Пирс Броснан

Пирс Броснан заминува од Србија откако деновиве ја сними и последната клапа од филмот „Ноемвриски човек“. Неговите пријатели од Србија му организаираат проштални забави, вечери и журки.

363092_pirs-brosnan-2_f

На популарниот сплав „Плеј“ беше организирана забава на која присуствуваат сите негови пријатели и соработници со кои изминативе месеци во Белград работеше на својот најнов филм.

363091_pirs-brosnan-1_f

Меѓу гостите биле и американскиот амбасадор во Србија Мајкл Кирби со сопругата, бизнисменот Весели Јевросимовиќ, а меѓу највеселите била девојката на Џејмс Бонд, Олга Кириленко, која цела вечер пеела, пиела и се забавувала.

363095_pirs-brosnan-4_ff

Забавата која почнала два часа пред полноќ и траела до раните утрински часови,а Броснан видно возбуден поради емотивниот дочек во Белград, одржал емотивен говор во кој изразил длабока благодарност на сите луѓе кои животот во српската престолнина му го направиле незаборавен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top