| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во име на Македонците: Најтопли желби за идниот крал

Претседателот Ѓорге Иванов, упати писмо со честитка до Нејзиното кралско Височество Елизабета Втора, Кралица на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, кое интегрално ви го пренесуваме.
Ваше кралско Височество,
Ми претставува голема чест и особено задоволство, по повод раѓањето на првото дете на Војводата и Војвотката од Кембриџ, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најискрени честитки и најтопли желби за среќа и просперитет. Ве молам, пренесете ги моите срдечни честитки до Војводата и Војвотката од Кембриџ.
Уверен дека новороденчето е вистински благослов за кралското семејство и за Вашата голема нација, убеден сум дека Вашиот правнук ќе ја обезбеди иднината на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и дека ќе продолжи по стапките на мудрото и посветено владеење.
Воедно, ја користам оваа свечена пригода за да го поздравам постојаниот подем во развојот на традиционално добрите односи и соработката меѓу нашите две пријателски држави.
Со такво уверување, Ваше кралско Височество, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top