Најпродавани се сувенирите со Воинот на коњ, Портата Македонија и македонската фаланга. Големата побарувачка на сувенири ги испразни резервите, па сега се чека нова пратка која треба да пристигне до крајот на февруари или почеток на месец март.
-Имаше тендер за набавка на сувенирите Воин на коњ и Порта Македонија. Фирмата „Агенс“ ги изработува сувенирите, но се прават во Кина и очекуваме веќе во март да ги има во продавниците. Овој пат порачавме поголемо количество, четири-пет пати поголемо од претходното, кое изнесуваше 500 примероци, вели за Нова Македонија, Перо Јосифовски директор на Музеј на Македонија.
Во Скопје има пет продавници за сувенири со македонски мотиви. Едната е во Порта Македонија, а останатите четири се во монтажни објекти лоцирани на плоштад „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, , кај хотелот „Холидеј ин“ и на влезот на Старата скопска чаршија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


