Странските диџеи кои за неколку дена ќе настапуваат на „Санрајз самер викенд“ фестивалот знаат како најдобро да го искористат престојот во Охрид. Имено Метју Дикеј, Фанкермен, Мелисија и Брансел бараат да ја вечераат свежа охридска пастрмка во убавиот амбиент на старата чаршија. Меѓу другите барања пак, ти нагласиле дека на настапот на плажа Немо сакаат да пристигнат директно со брод.
Плажата „Санрајз“ во склоп на комплексот плажи Немо за викендот кој следува, односно 27-ми јули ќе ги пречека легендите на електронската музика – холандските супер стар ДЈ-и MATTHEW DEKAY и FUNKERMAN, од Израел транс дуото MELICIA како и швајцарскиот транс артист BRAINCELL. Фестивалот ќе се одржи на две сцени, ќе има одлично озвучување, светлосни ефекти, ласери, проекции, како и пена моменти.
Главна сцена:
MATTHEW DEKAY NL (Space Ibiza)
FUNKERMAN (FLAMINGO RECORDS IBIZA)
Babura
Bobi
Dare
Транс сцена:
MELICIA – (Israel)
BRAINCELL – (Norway)
Soundkillah
Dejan Doggy
Почетокот на фестивалот е во 22:00 часот, а влезниците се веќе во предпродажба по промотивна цена од 400 денари почнувајќи од 15 јули, додека пак од 26-27 јули по цена од 450 денари на следниве места: ЈУГОТОН, Салоните на ОНЕ ширум републиката и дистрибутивната мрежа купи карта за се!!!
Покрај вечерните забави, плажата „Санрајз“ исто така планира и богата дневна програма за викендов, каде што од 25-ти до 28-ми јули за првпат во Охрид ќе се одржи „Фестивал на коктели’’, а покрај најразновидни коктели ќе има и богата музичка програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


