| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ влегува во НБА

pero anticМакедонија, конечно, влезе на листата земји со свои претставници во најсилната лига на светот, НБА откако денеска беше објавена информацијата дека капитенот на кошаркарската репрезентација, Перо Антиќ, потпиша двегодишен договор со екипата на Атланта хоукс, објавиМКД.

Доскорешниот член на грчки Олимпијакос подолг период бил во преговори со американскиот тим по што е дојдено до едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен за уште една година. Антиќ беше пријавен за НБА-драфтот во 2003 година, но се откажа пред неговото одржување, а во 2004 година доби статус на слободен агент, кој може без проблем да потпише договор со кој било тим од најсилното кошаркарско првенстов во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top