На женско обрежување, далеку поболно од она кај мажите, се изложени повеќе од 125 милиони жени и девојки во светот, а во следните десет години такво генитално сакатење им се заканува на уште 30 милиони девојки, соопшти денеска Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ).
Ваквата пракса сеуште е присутна во африканските и блискоисточните држави, а се сотои од операција за комплетно или делумно отстранување на надворешните гениталии.
– Иако речиси еден век се работи да престане таквата пракса, иако се смета и за кршење на човековите права, таа упорно опстанува, а како главна причина се наведува општествената прифатеност на обрежаните жени – изјави претставничката на УНИЦЕФ, Клаудија Капа.
Таа наведе дека поради ставот на општеството мајките прифаќаат ќерките да им бидат осакатени иако и самите оценуваат дека обрежувањето на жените треба да се укине. Приврзаниците на обрежувањето, пак, сметаат дека со тоа девојката има поголеми шанси да се омажи и оти жената со тоа станува поубава.
Во Сомалија се обрежани 98% од жените меѓу 15 и 49 години, потоа следи Гвинеја со 96, Џибути со 93 и Египет со 91 отсто.
Во Кенија и во Танзанија обрежувањето на жените се помалку се применува, а речиси двојно е намалено во Бенин, во Централноафриканскта Република, во Ирак, во Либерија и во Нигерија. Но, состојбата не е смената во Чад, во Гамбија, во Мали, во Сенегал, во Судан и во Јемен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


