| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас на охридските плажи

Српскиот крал на турбофолкот Аца Лукас, по концертот закажан на 2-ри Август на „Билјанини Извори“ со своите најблиски ќе одмори некој ден во Охрид.

– Независно што летово имам закажани настани скоро секој ден, сепак ќе искористам неколку дена за да одморам со најблиските во една од моите топ 5 дестинации – градот Охрид – изјави Аца Лукас во телефонскиот разговор со организаторот на настанот.

Одморот ќе трае само неколку дена бидејќи официјално е потврдено неговото присуство на собирот на трубачи во Гуча на 8-ми август.

Цената на стандард билетите за концертот на Лукас изнесува  300 денари. За овој концерт се предвидени и 500 фан пит и 1000 билети за трибина по цена од 500 денари, како и 500 вип влезници по цена од 1000 денари. Картите може да се најдат во Југотон, Камарад во Рамстор, Цвеќара РОЗЕ Веро 2, Мк Тикетс и продажните салони на ОНЕ низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top