– Ми преставува особена чест и задоволство што со директорот на Ј.П. Билјанини Извори можиме да најавиме спортска недела која ќе се одвива на градскиот базен. За овој настан предвидовме голем број на учесници за таа цел воспаставивме контакти со повеќе категории на граѓани. Ние ќе направиме се што е домет на Општината да го омасововуаме спортот во Охрид – рече секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.
Спортските активности за рекреативците веќе се одржаа вчера, а денеска со заедничка заложба за збогатување на активностите на пензионерите, ЈП „Билјанини извори“ предвиде спортско– рекреативни активности за пензионерите.
Во среда ќе се организираат спортско-рекреативните активности за децата од предшколска возраст од општинската јавна установа детската градинка „Јасна Ристеска“.
Афирмацијата на рекреативниот спорт, како начин кој обезбедува можности за негување на физичката кондиција и социјалните интеракциски вештини на лицата со попреченост започна да се остварува во целост. Веќе во четврток ќе се организираат спортско-рекреативни активности на лицата со попреченост.
Рекреативците повторно ќе спортуваат во петок кога и завршува спортската недела „СПОРТСКО ЛЕТО“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



