Вчера вечер околу 21.30 часот по дојава за бомба во трговскиот центар „Рамстор“ полициска екипа ги евакуирала посетителите што биле внатре. Единици за антитероризам го испитуваа објектот, а заради неговата пространост, истрагата траеше до доцна во ноќта.
– Околу 21.30 часот на повикувачкиот телефонски број „192“ беше пријавено дека во трговскиот центар „Рамстор“ е поставена бомба. Веднаш потоа наши екипи, меѓу кои и единици за антитероризам, се упатија на местото и во моментов испитуваат дали постои експлозивна направа во објектот – изјави Марија Јаковлеска, портпарол на Министерството за внатрешни работи за Телеграф.мк.
Фото: Телеграф.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма во Франција: Жена со бомба се заканува дека ќе разнесе банка во Ним
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза