Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до надлежното Јавно Обвинителство поднесла кривична пријава против Б.Р.(35) осомничен за „Комар“ дело казниво по чл.398 од КЗ на РМ и Б.Г.(57) пријавен за „Помагање“ дело казниво по чл.24 вв чл.398 од КЗ на РМ.
Според МВР Скопје првопријавениот потпомогнат од второпријавениот како вработен во локалот во негова сопственост во трговскиот центар „Васил Главинов“, во текот на месецов неовластено организирале комар и други игри на среќа што е забрането.
На 21.01.2013 година во локалот каде бил организиран комарот или други игри на среќа што се забранети, од страна на мобилните едници АЛФИ била извршена проверка при што било констатирано дека во просториите сопственост на првопријавениот се користеле и покер апарати кои биле инсталирани во локалот, каде биле затекнати пријавените. По обезбедена судска наредба за претрес од страна на истражен судија од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во локалот каде биле пронајдени шест покер апарати како и десет шишиња со алкохолнен пијалак со косовски бандероли или без бандероли. Исто така првопријавениот појаснил дека не поседува соодветна документација – лиценца за приредување игри на среќа, а исто така и не поседува никаков писмен договор за издавање на локалот на друго физичко или правно лице. Кај двајцата пријавени при претресот биле пронајдени и парични средства во вкупен износ од 25.970,00 денари и 20 Евра кои претставувале повеќедневен промет од организирањето на комарот или други игри на среќа, кои парични средства заедно со покер апаратите и алкохолните пијалоци им се одзмени со потврда за привремено одземени предмети.
Двајцата пријавени од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал беа однесени пред Истражен судија кој им одреди по 30 дена домашен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
Хаос во Струга: Кршел во казино, барал пари, се заканувал на полицијата…