| четврток, 6 декември 2018 |

12 милиони евра кауција плати Мишковиќ

мишковиќ12 милиони евра гаранција плати српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ за да излезе од притвор. Олигарх со имот проценет на над милијарда евра, е обвинет за злоупотреби при приватизацијата на градежните комапнии кои градеа патишта во земјата. Мишковиќ беше во притвор од декември минатата година.
Според истрагата, во периодот од 2005 до 2010 година на различни фирми им предизвикале штети од 150 милиони евра и 4,2 милиони евра штети врз државниот буџет. Освен против 68-годишниот Мирослав Мишковиќ, обвиненија се поднесени и против неговиот син Марко и уште девет лица, од кои повеќето се на слобода.
За време на важењето на гаранцијата Мишковиќ нема право да патува во странство и е должен еднаш месечно да се јавува на потпис во полицијата.
Платената гаранција на Мишковиќ е најголема во историјата на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top