| четврток, 6 декември 2018 |

Фалкао има 29, а не 27 години?

Фудбалерот на Монако и колумбиската фудбалска репрезентација Радамел Фалкао може да се најде во големи проблеми поради неговите години. Играчот важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата кој летово се пресели од Атлетико Мадрид во Монако за фантастични 60 милиони евра.

Медиумите во Колумбија пренесуваат дека Фалкао е роден 1984 година,а не 1986 како што се мислеше.

Еден наставник од училиштето каде што учел популарниот „Ел Тигре“ открива документи каде стои дека тој е роден 1984 година.

Доколку се докаже дека има 29 години, Фалкао може да западне во големи проблеми. Тој има учество во репрезентацијата на Колумбија за играчи до 20 години и освоил континентална титула, а немал право за настап во младинските селекции на својата земја.

По објавувањето на оваа сторија во една емисија во Колумбија, татко на Радамел Фалкао изјавил дека тоа е грешка и ги демантирал гласините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top