Од почетокот на сезоната до денеска извезени се над 3 милиони килограми праски од росоманскиот регион, кој важи за најголем производител на овој вид на овошје во Македонија.
Како што информираат од општината Росоман, најголем дел од праските се извезени во Русија, Полска, Украина и Белорусија. Голем дел од родот заминал и во поранешните југословенски републики.
Во тек е берењето на праските од најзастапените сорти „голд хевен“ и „фантазија“ од нектарините. Според овоштарите, пренесува Канал5, квалитетот на праските е извонреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Николовски: Се прават максимални напори за извоз на праските во други земји
-
Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид
-
Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август
-
Дојде живот за производителите на праски: Продажната цена падна на 2 денари по килограм


