Борче Давитковски го информирал претседателот Иванов за оставката и за нејзините причини, информираа од кабинетот на Иванов.
Според соопштението од кабинетот, Давитковски го информирал Претседателот „за досегашните активности и резултати од работата на Комисијата, како и за разликите во ставовите за одредени прашања меѓу членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Претседателот Иванов беше информиран за оставката на г. Борче Давитковски, од должноста претседател на ад-хок комисијата“.
Иванов констатирајќи ја новонастанатата состојба ја поздрави досегашната работа на Комисијата и изрази надеж дека Комисијата и покрај новонастанатата состојба ќе изнајде начин успешно да ја доврши преземената обврска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги
-
Претседателот Иванов им посака успешен настап на членовите на џез-квартетот „Форплеј“ од САД во „Вила Билјана“ во Охрид
-
Иванов: Да ја почитуваме и чуваме Република Македонија


