На летната сцена, на платото пре Универзална сала, вечерва во рамките на „Скопско лето“ ќе биде прикажана ревија на филмови наградени на „Астерфест“. Станува збор за следниве филмски остварувања: „Сѐ тоа“ од црногорскиот режисер Бранислав Милатовиќ, награден на „Астерфест“ во 2012 година со признанието „Ѓорѓи Абаџиев“; „Телесна меморија“ од естонскиот режисер Уло Пиков, прогласен за најдобар анимиран филм во 2011 година и германскиот филм „Утре ќе живееме пак“ добитник на наградата „Златна потковица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.