Во рамките на „Бит-фест“ вечерва во 19 часот во КЦ „Магаза“ ќе се одржи „Фемина секрета“ во организација на Здружение за заштита на правата на жените. Во рамките на програмата се обработуваат теми со апсолутниот придонес на жената во општеството, преку претставување на вкусни специјалитети приготвени од благата форма на кујната, воедно следење на светските трендови, како и промоција на кулинарските вештини на жените од општина Битола.
На програмата на „Битола Шекспир Фестивал“ е изложба на плакати од претстави на Шекспир, поставени на Народниот театар во Битола – изложбата ќе ја отвори Јордан Плевнеш, Народниот театар ќе ја изведе претставата „Хенри Шести“, трет дел.
Во КЦ „Магаза“ ќе се презентира ревија на етнолошки филмови од Словенија. Автор на проектот е Јелка Пшајд – етнолог, виш кустос – Помурски Музеј – Мурска Субота.
Во дворот на Домот на АРМ ќе се изведе музичкиот проект „FLY“ – Музички концерт и перформанс во кој учествуваат BLUESIS и студиото за модерен балет „Анастасија“, а во КЦ „Магаза“ ќе се одржи и концертот насловен „Сентиментални звуци“ – изведба на популарни македонски евергрини – Трајче Органџиев – пијано, Христо Христовски – гитара, Арсо Јаневски – перкусии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.